Македонија на едно ниво до статус на земја со највисок ризик

Глобалната агенција за рејтинг според ризик во кој се наоѓаат државите “А.М. Бест”, Македонија е позиционирана во групата 4 од вкупно 5 групи на земји.

Според Извештајот за проценка на ризикот на земјите за 2018 година кој вклучува анализа на ризиците што ги носат економските, финансиските и политичките околности Македонија е во групата 4 со Камбоџа, Србија, Јордан како и со Јамајка, Оман, Албанија и Унгарија како нови членови на оваа група на земји во ризик.

Агенцијата А.М.Бест ги одредува нивоата на ризик на осигурениците и компаниите за осигурување преку различните фактори кои влијаат на стабилноста на земјите

Индексот СРТ – 4 што е едно ниво под најлошото на Македонија и се дава како резултат на високото ниво на економски и финансиски ризик и умерениот политички ризик.