Македонија не брза со договорот за името!?

Иако беше најавено дека денес е „Денот Д“ и дека во секој момент ќе се случи телефонскиот разговор Заев-Ципрас кој, според грчко толкување на работите, ќе биде доказ дека Македонија се согласува на условите и дека „нема да го испушти возот за ЕУ и НАТО“, денеска реагираше македонското МНР со соопштение во кое се вели дека нема простор за брзање.

Грчки медиуми експресно пренесоа дека договорот со Грција за прашањето за името се уште не е финализиран

„ Република Македонија посакува и интензивно работи тоа да се случи што побрзо до претстојниот состанок на Европскиот совет, воедно укажувајќи дека за вака значајни прашања не треба да се брза. Квалитетот на текстот на договорот и потребата од постигнување на трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок, се вели во соопштението на МНР.

Одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се реализира очекуваниот телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.премиерот Зоран Заев денеска изјави.

„Можеби ние ќе ѕвониме спрема Атина, и се надевам дека тоа ќе биде многу брзо. Јас не би давал нови коментари освен заедничкото соопштение што беше пуштено преку Министерството за надворешни работи. Тоа кажува дека навистина сме многу блиску, но е многу важно ова да биде одржливо и трајно и да биде сто отсто безбедено за генерациите што доаѓаат и ќе го крепат ова пријателство со договорот што ќе го постигнеме. Како што гледате јас останувам оптимист иако не е лесно, чуствително е но е многу важно, изјави премиерот Зоран Зев, пренесува „Канал 5“..

6 Коментари

    • Така е! Патолошки Лажго е! Утре тоа ќе му го кажат и Грците.

  1. Атина од самиот почеток не сакаше решението. И се да прифативме, Грција би ни поставила новите услови, кои на крај не би можеле да ги исполниме. Нашиве не разбрале играта со името.
    Ваков тн. проблем НЕМА решение, билатерално. Грците од стартот играа игра без намера да се постигне решението.
    Се ова Игор Јанев предвиде уште во јуни прошла година 2017.
    Решението на ваков проблем е во стратегијата која вклучува продолжување на членството на Македонија во ООН под уставното име Република Македонија.

  2. Во еден дел од Србија околу Ниш вака коментираат ситуацијата околу името (во обид да зборуваат Македонски):
    „Зевзечење се наставува”! (наместо „Зевзечење продолжува”)!
    Хахахаха!

Comments are closed.