Претставници на Турците во Македонија побарале од претседателот на државата да го отфрли предлогот на Косово за назначување на Ѓерѓ Дедај за косовски амбасадор во Скопје.

На почетокот на август, актуелниот заменик-министер за надворешни работи на Косово беше именуван за шеф на косовската дипломатска мисија во Македонија.

Но, земјата-домаќин се уште не се изајснува, пишува „Газета Експрес“.

Одбивањето на Македонија е поврзано со противењето на македонските Турци поради изјавите на Деда според кој Турција сторила кривични дела и геноцид врз Албанците пред шест века.

Пратениците Турци во македонскиот парламент, поради ова, се противат на неговото назначување.

Тие побараа од претседателот и од министерот за надворешни работи на Македонија да не го прифатат Дедај како амбасадор.

„Како турска партија се сретнавме со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Димитров во врска со неприфаќањето на Дедај за амбасадор и поднесовме барање да не се прифатат акредитивните писма на назначениот косовски амбасадор во Македонија, Одговорот е позитивен. Сметаме дека Ѓерѓ Дедај нема да биде амбасадор на Косово во Македонија“.

Дедај се уште не добил одговорот од македонската страна.

Од македонското МНР, наводно, преку и-мејл до косовската „Т7“ кусо соопштиле дека процесот е во напредна фаза и дека не можат да коментираат повеќе, пиш.

Африм Хоти, познавач на дипломатските односи, вели дека одложувањето на одговорот подразбира дека предложениот кандидат за дипломат не е подобен за државата што прима, пишува приштинска „Газета Експрес“.

Турците не го сакаат Ѓерѓ Дедај за косовски амбасадор во Македонија

 

 

Оставете Коментар