Македонија под тоа име и Северен Кипар на календар за грчката полиција!

Грчката полиција покрена истрага откако меѓу нејзините единици беа дистрибуирани календари за 2019 година што содржат карта на која северниот сосед е „Македонија“, а како одделна држава е означен Северен Кипар, признат само од Турција.

Календарите ги печатела приватна компанија и истрагата ќе се фокусира на тоа кој ја дизајнирал мапата и дали содржината на календарите била проверена пред да биде печатена.

Претседателот на Панхеленска асоцијација на полициски службеници, Григорис Геракаракос, зборувајќи во денешната утринска програма на телевизијата АНТ1, искажа неверување за целиот инцидент.

„Некако е чудно што грчката полиција покренува официјална истрага за официјален календар на грчката полиција“, изјави тој.

Сите календари се повлечени од полициските станици.

 

SHARE

Оставете Коментар