Македонија подалеку од БДП на 15 развиени земји на ЕУ од 1989 година

Според бруто домашниот производ по жител во однос на 15 развиени држави од Европска унија, Македонија во 2017 година била подалеку отколку во 1989 година.

Кога падна Берлинскиот ѕид, што се смета за почеток на транзицијата на источноевропските земји од социјализам во капитализам, македонскиот БДП изнесуваше 33,8 проценти од тој на ЕУ 15, за лани да достигне 27,8 отсто. Во 1990 година тој беше 31,5 отсто од европскиот просек, во 1995 падна на 23,1 отсто, во 2000 година се спушти на рекордно ниски 22,7 отсто, а во 2008 година достигна 25 отсто.

Од 16 источноевропски земји, Македонија според овој критериум во 1989 година била 12., подобра од Албанија со БДП по жител од 15,5 проценти во однос на ЕУ 15, од Босна и Херцеговина со 30,1 отсто, од Полска со 31,8 отсто и од Романија со 33,4 отсто.

Минатата година, пак, Македонија беше подобра само од две од 16. земји од Источна Европа, и тоа од Албанија (23,4 проценти) и од БиХ (23,5 отсто).

БДП на 16. источноевропски држави во 1989 година бил 40,9 проценти од тој на ЕУ 15, а лани 52,4 отсто.

Спротивна тенденција е забележана кај Западен Балкан, чиј БДП во 1989 година бил 35,4 проценти од ЕУ 15, а минатата година 27,6 отсто.

 

Оставете Коментар