Македонија се договори без преговарач, Грција не го заборави својот (ФОТО)

На средбата во грчкото село Нивици македонската страна направила сериозен дипломатски гаф откако таму не го поканила официјалниот македонски преговорач во спорот за името.

За разлика од грчкиот преговарач Адамантиос Василакис кој седеше во првите редови веднаш зад високите гости Могерини, Ди Карло и Хан за македонскиот преговарач и амбасадор во САД Васко Наумовски немаше место во Нивици.

Наумовски беше елимининиран од процесот на преговорите кога двете влади решија нивото на прегововори да го крене на министри за надворешни работи но барем формално тој се уште останува официјален преговарач за разликите околу името.

Иако и дипломатот ветеран Василакис (76) беше ставен настрана откако спорот директно започнаа да го решаваат Димитров и Коѕиас, грчката страна сепак го испочитува дипломатскиот протокол и го покани преговарачот кој ја претставуваше земјата на преговорите во последниве 11 години години откако во 2007 година го наследи Христос Захаракис на позицијата преговарач.

Наумовски стана преговарач во 2014 година.

За време на средбата во Нивици Василакис и Димитров имаа кратка средба, тие двајца од 2007 до 2014 година преговараа очи во очи како преговарачи на двете земји но тогаш не беше можен договор меѓу двете земји.

SHARE