Македонија шеста одзади во Европа по БДП мерен со куповната моќ

Со бруто општествен производ (БДП) по жител мерен со паритетот на куповната моќ (ППП) од 16.000 долари, Македонија е 35. меѓу 40 европски земји, покажува пресметката на Милош Поповиќ, истражувач на Универзитет „Колумбија“ од Њујорк.

Паритетот на куповната моќ ги зема предвид разликите во цените меѓу земјите, па во помалку развиените земји за еден долар, кој се зема како единица мерка, можат да се купат повеќе стоки и услуги отколку во развиените земји во кои цените се повисоки.

Полошо од Македонија во БДП ППП стојат само Србија со 13.000 долари заедно со Косово (15.900 долари сама), Босна и Херцеговина и Албанија исто така имаат по 13.000 долари, Украина 9.000 и на дното Молдавија со 6.000.

На врвот е Луксембург со 111.000 долари, втора е Ирска со 80.000, трета Норвешка со 71.000 итн.