Loading...

Македонија се наоѓа на 87. место меѓу 163 според Глобален индекс на мирот 2018, изработен од Институт економија и мир.

Во однос на минатата година, Македонија е 16 места повисоко во однос на безбедноста, која Институтот ја мери врз основа на 23 фактори, меѓу кои стапката на убиства, политичкиот терор и смртта како последица на внатрешен конфликт.

Од земјите во регионот најдобро стои Словенија на 11. место, Хрватска е 27., Албанија 52., Србија 54., Црна Гора 58., Босна и Херцеговина 89., Косово 92. итн.

Најмирна земја на светот е Исланд, кој десет години во низа е на врвот. Како и лани, втор е Нов Зеланд, Австрија се искачи на третото место од четвртото, кое ѝ го отстапи на Португалија, а Данска е петта како и минатата година. Во топ 10 се уште Канада (шеста), Чешка (седма), Сингапур (осми), Јапонија (деветта, место подолу од лани) и Ирска (десетта).

Најмоќните држави се далеку назад според безбедноста, па Велика Британија се најде на 57. место, САД на 121., а Русија дури на 154.

Најнебезбедни држави во светот се разорените со војна Сирија, Јужен Судан, Авганистан, Ирак, Сомалија, Јемен и Либија.

 

1 Коментар

Comments are closed.