Македонија треба да испрати позитивен сигнал до целиот регион

Силно ја поддржуваме европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, истакнаа министрите за надворешни работи на Бенелукс при посетата на Сараево.

„Од референдумот на 30-ти септември во Македонија очекуваме силен сигнал за целиот регион, што ќе го стимулира процесот на европската интеграција на државите од Западен Балкан и ќе помогне во дијалогот помеѓу Белград и Приштина, како и во БиХ, која не треба да ја испушти можноста на претстојните избори“, истакна луксембуршкиот министер, Аселборн.

Холандскиот министер Блок, исто така, рече дека воспоставувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал би можело да биде клучна задача за регионот, но предупреди за „националистичката реторика на некои политичари”.