Фудбалската репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа во второто коло од сегментот Д во Лига на нации, убедливо совладувајќи го и главниот ривал Ерменија со 2:0 во Скопје.

Резултатот го отвори Езгјан Алиоски од пенал во 13. минута по прекршокот во противничкиот шеснаесетник врз капитенот Горан Пандев, кој го потврди триумфот во 58. минута. За 35-годишниот најефикасен играч во историјата на македонскиот национален тим тоа беше 32. погодок во 96. настап во црвено-жолтиот дрес.

Во следното коло на 13 октомври избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе го пречекаат Лихтенштајн.

 

Оставете Коментар