Македонија убедлива и против Лихтенштајн во Лига на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија ја забележа и третата убедлива победа во Лига на нации, декласирајќи го Лихтеннштајн со 4:1 во Скопје и речиси ги обезбеди првото место во групата и пласманот во плејофот во сегментот Д.

На денот кога пред 25 години против Словенија во Крањ успешно дебитираа на меѓународната сцена, „црвено-жолтите“ го решија прашањето на победникот против аутсајдерот уште во првото полувреме, кое го добија со 3:1 со двата гола на Александар Трајковски и едниот на Горан Пандев. Капитенот беше асистент и на двата погодока на Трајковски, а со својот 33. гол во 97. настап во националниот дрес се зацврсти на врвот на листата на стрелците во историјата на македонската репрезентација.

До крајот на полувремето гостите намалија преку Сејхан Јилдиз, а точка на резултатот во вториот дел стави Езгјан Алиоски.

Со седмиот триумф во осмиот меѓусебен дуел со Лихтенштајн, Македонија е убедливо прва во четвртата групата со девет бода, три повеќе од вечерашниот противник, од Гибралтар и од Ерманија. Токму Ерменците се следниот ривал на избраниците на селекторот игор Ангеловски во вторник во Ереван, каде што денеска сензационално загубија со 1:0 од Гибралтар, за кој ова е прв триумф воопшто откога се натпреварува.