Македонија во НАТО по “Шведски модел”?!

Се повеќе западни извори зборуваат за таканаречениот “Шведски модел” за членство на Македонија во НАТО.

Дебатата за ваква привремена разврска со влез за земјава во алијанста “на парче” ја разгоруваат влијателни дипломати и “тинк-тенкови” кои сметаат дека Договорот со Грција и притисокот што се случува од “ненато” фактори е огромна причина земјата на било кој начин да стане дел од најмоќната глобална безбедносна асоцијација.

Практично “Шведскиот модел” членство во НАТО значи дека Шведска која што има прогласено воена неутралност и формално не е членка на алијансата има посебни односи кои реално се поблиски дури и од некои членки на воениот сојуз.

Во 2010 година Шведска имала 500 војници во Авганистан што било на ниво на членките Белгија и Бугарија а далеку над контингентот на Грција.

Шведските односи со НАТО се темелат на подрачја на взаемен интерес а блиската соработка започнала со влезот на Стокхолм во Партнерство за мир во 1994 година и членството во Евроатланскиот совет за партнерство во 1997 година.

Шведска е најактивен партнер на НАТО и важен контрибутор во мисиите во Авганистан и мисијата против ИСИС.

Во контекст на односите со Русија НАТО постојано ги засилува односите со Шведска и Финска што како формална основа за поблиска соработка би било искористено и во македонскиот случај.

Шведска во исто време важи за земја која што обучува голем дел од силите на земјите членки на НАТО и е имплементатор на голем број други проекти.

Идејата на некои западни дипломати и планери е Македонија да го има овој статус се додека не се заврши целата процедура со Договорот со Грција за кој постои сомневање дека може да пропадне поради турбуленциите во Грција но и поради непредвидливоста на македонските гласачи на референдумот за името, брифираат добро упатени западни извори за expres.mk.

Шведскиот модел не исклучува упатување покана до земјата на самитот на НАТО што ќе почне за 3 дена во Брисел.

SHARE

Comments are closed.