Македонија во самиот светски врв според консумирањето тутун

Loading...

Македонија се наоѓа меѓу петте земји во светот со најголема потрошувачка на цигари по жител од вкупно 184 опфатени со истражувањето на „Тобако атлас“.

Годишно во Македонија во просек се консумираат 2.785 цигари по жител, веднаш зад над е Албанија со 2.491, а од државите од опкружувањето малку поназад се Србија со 1.899, Босна и Херцеговина со 1.767, Хрватска со 1.579 итн.

Уште позагрижувачки е податокот дека Македонија е четврта во светот според бројот на заболени и умрени од рак на белите дробови како последица на консумирањето тутун. Токму во тој поглед Македонија е феномен во глобални рамки, односно една од ретките земји во кои во последните две децении е забележан раст на пушењето цигари.

Над 4.000 луѓе годишно умираат во Македонија од последици на консумирање тутун, но, и покрај тоа, повеќе од 1.000 деца на возраст меѓу 10 и 14 години и 579.000 возрасни продолжуваат да пушат секој ден.

Економските трошоци на пушењето во Македонија се проценети на 16.065 милиони денари, во кои влегуваат трошоците за лекување и индиректните трошоци поврзани со загубената продуктивност поради прерана смрт.