Македонија втора меѓу седум земји од регионот по резервите од злато

Со седум тони злато, Македонија е на второто место меѓу седум земји од регионот на Југоисточна Европа според количеството од благородниот метал што го поседуваат.

Најновите податоци на Светски совет за злато (ВГЦ) покажуваат дека повеќе од двојно помалку од овој метал имаат Словенија (3,2 тони), Унгарија (3,1 тон) и Босна и Херцеговина (3 тона).

Албанија има 1,6 тона злато, а Хрватска ниту грам, откако целата залиха од 13 тона ја продаде во 2001 година за 117 милиони долари.

Неприкосновен лидер во регионот е Србија со 19,83 тони злато, односно повеќе од сите шест наведени земји заедно. Народна банка на Србија извести дека од 2012 година ги зголемила резервите за 5,12 тони, односно за 25,8 отсто. Од 2005 година северниот сосед само купувал злато и во тој период не продал ниту грам.

На 31 јули годинава Србија поседувала златни прачки вредни 664,5 милиони долари, односно шест проценти од вкупните девизни резерви.

 

SHARE

Comments are closed.