Македонија втора во Европа по невработеноста на младите

Со 50,1 процент невработени лица на возраст до 24 години, Македонија се наоѓа на второто место во Европа, покажуваат податоците на Меѓународна организација на трудот (ИЛО) за 2017 година.

Полошо стои само Босна и Херцеговина, каде што 67,5 проценти млади луѓе се без работа, а веднаш по Македонија во овој поглед е Грција со 47,4 отсто.

Од земјите во опкружувањето Црна Гора има 36 отсто невработени до 24 години, Србија 33,7 отсто, Албанија 33,6 отсто, Хрватска 29,4 отсто, Словенија 15,4 отсто, Бугарија 15 отсто итн.

Најмала невработеност на млади до 24 години има во Белорусија од занемарливи 1,2 проценти, во Германија е 6,1 отсто, во Швајцарија 8,1 отсто, во Чешка 9 отсто, во Холандија 9,5 отсто итн.

 

Оставете Коментар