Loading...

Емилија Михајлова (29), Македонка од швајцарското гратче Роршах од кантонот Сент Гален, влезе меѓу најдобрите 24 кандидати на шоуто „Германија бара суперѕвезда“ на телевизијата РТЛ, пленејќи ги со стасот и со гласот и гледачите, и жирито, посебно неговиот шеф Дитер Болен.

„Тој беше фасциниран од мојот изглед и глас од самиот почеток“, вели таа за швајцарскиот весник „Тагблат“. „Тоа што тој отворено вели дека му се допаѓа мојот изглед не ме мачи воопшто“.

Нејзиниот секси изглед ја издвојува од другите кандидати.

„Не ми пречи што главно се сведува на мојот изглед и што велат дека, на пример, мојата облека изгледа како да е од сексшоп. Јас сум секси и горда сум на мојот изглед, уживам во секое внимание, бидејќи мојот план се остварува“.

Во последното издание на „ДСДС“ отворениот стил на облекување и на танцување на Емилија Михајлова предизвика дебата. Кандидатот Диего, со кого Михајлова пееше во дует, не ги криеше своите намери за време на изведбата на песната „Диви мисли“ од Ријана.

„Диего ме превртуваше многу. Тој е само мало дете“, вели таа и додава дека тоа не ѝ е проблем, бидејќи меѓу нив не може да има ништо повеќе: „Диего знае дека никогаш нема да има шанса кај мене“.

Таа генерално има малку врска со нејзините конкуренти. „Имам многу мал контакт со другите кандидати на шоуто“, вели Михајлова, која се концентрира исклучиво на нејзините изведби и цели.

Емилија Михајлова е родена во Роршах, каде што пораснала и сè уште живее во гратчето на Боденско Езеро со своите родители, кои емигрирале од Македонија во Швајцарија.

„Македонија е мојата татковина и јас ја посетувам редовно“, нагласува таа.

По завршувањето на училиштето, Михајлова во Сент Гален завршила тригодишно школување за стоматолошки асистент, а потоа продолжила со обука за секретар за стоматологија. Но таа повеќе не работи во професијата.

„Денес живеам од мојата работа како модел. Учествувам во фотосесии со костими за капење и со долна облека“, објаснува таа.

Семејството е многу важно за Михајлова.

„Сестра ми е мојата најдобра другарка“, вели Емилија за својата сестра Дијана (31), која без да ѝ кадеже ја пријавила во шоуто „ДСДС“. Неочекувано добила добила и-мејл од РТЛ во кој стоело дека е поканета на првиот кастинг. „Во почетокот си реков: Не, тоа не е за мене“. Но, продуцентите ја убедиле и на крајот решила да си ја проба својата среќа со „ДСДС“.

Бијонсе е најголемиот идол на Емилија Михајлова.

„За мене, таа е најголемата светска ѕвезда. Без оглед која песна ја пее, таа настапува со неверојатна енергија. Голема желба ми е да ја гледам во живо“, вели таа.

Иднината на Емилија Михајлова по „Германија бара суперѕвезда“ сè уште е неизвесна. Но, едно е сигурно: „Би сакала да направам кариера како пејачка. Имам големи цели“.

Утревечер од 20:15 часот на РТЛ ќе се емитува последната емисија од шоуто снимена на отворено во Јужна Африка. Финалето е на 5 мај.

 

1 Коментар

Comments are closed.