Емилија Михаилова не успеа да се пробие меѓу осумте најдобри на телевизиското шоу „Германија бара суперѕвезда“ на РТЛ, откако во синоќешниот настап во живо Македонката од Швајцарија не доби доволно гласови од гледачите, а и шефот на жирито Дитер Болен имаше забелешки.

„Ова беше твојата најдобра вокална изведба, ги погоди тоновите и ја донесе целата песна. Но, ДСДС е, исто така, и натпревар на симпатија. Во тој поглед, Емилија, сè беше погрешно“, рече тој за изведбата на песната „Качи“ од Офенбак vs Ник Вотерхаус.

Веднаш по настапот на Емилија, Болен даде до знаење дека не му се допаѓа, коментирајќи: „За ‘Плејбој’ е доволно, но ако продолжи со нас во ДСДС, се осмелувам да се сомневам“. Тој притоа мислеше на фотосесијата на Михаилова за најпознатото списание за мажи во светот по нејзиниот пласман во топ 10 минатата седмица.

Членот на жирито и музички продуцент Мус Т. досега не можел да се увери во способностите на Емилија, за сега да биде убеден, велејќи ѝ: „Денеска конечно ме испуштивте“.

Женскиот дел од жирито, пак, со позитивни критики за изведбата на стоматолоишката секретарка и фотомодел од швајцарски Роршах кај Сент Гален.

„Знаете точно како да го користите вашето тело“, рече Каролин Нимчик, а Ела Ендлих додаде: „Досега најдобро се забавував“.

Михаилова, пак, низ плач и смеа го напушти шоуто. Од една страна, таа е тажна што нема да настапи повеќе на големата сцена, а од друга 29-годишната кандидатка рече дека „навистина уживала“ во својот секси изглед и оти е многу горда на себе си.

„Мислев дека е навистина кул“, рече таа пред да порача: „За мене животот продолжува. Јас сум и приватна бизнисменка и ако нешто излезе, тогаш ги користам моите шанси“.

 

SHARE