Македонката Тања дел од значајно светско научно откритие

Една Македонка е меѓу астрофизичарите кои првпат најдоа доказ за експлозија на супернова што формирала неутронска ѕвезда која многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда.

Студијата била предводена од тим од Калифорнискиот институт за технологија, а вклучи и истражувач од Универзитетот во Нова Горица, каде што во моментов работи Македонката д-р Тања Петрушевска, информира Скопското астрономско друштво.

Системот на блиски неутронски ѕвезди е важен за астрофизиката бидејќи спојувањето на две неутронски ѕвезди создава гравитациски бранови. Нивното истражување е објавено во престижното списание „Сајенс“.

Постои една класа на експлозии на супернови што е резултат на колабирање на масивни ѕвезди што изгубиле дел или целата надворешна обвивка на водород и хелиум. Поради тоа, тие се наречени ултра-лишени супернови. Губењето на надворешната обвивка на овие ѕвезди може да биде предизвикано од силен ѕвезден ветер или од друга ѕвезда во непосредна близина. Се смета дека повеќето масивни ѕвезди се родени во бинарни системи, пренесува факултети.мк

Целата информација на порталот на овој линк

Оставете Коментар