Македонска активистка од Грција се закани со Илирида и визи ако нема Северна Македонија

Една од најпознатите македонски активистки во Грција Евгенија Нацулиду која што лобира за успешен референдум и промена на името во Северна Македонија предизвика гнев на социјалните мрежи откако индиректно се закани со Илирида ако пропадне договорот а најави и визи за посета на Солун за Македонците.

“Како ја презентирате состојбата, ние Македонци во грција мора да имаме и ние држава да бидеме Македонци!!! Јас ти кажам не ни треба никоја држава да бидеме сто сме- Македонци! Вие имате држава и можете да правите што сакате со ова. Јас мислам договорот со Грција е добро за вас и за нас но ако вие не го сакате само ние Македонци од грција не можеме да правиме ништо за тоа. Само Грците може да не го прифати, исто така како вас”, напиша Нацулиду.

Откако и беше порачано дека како дете на дискриминирани Македонци во Грција никогаш не ги добила своите права и дека не смее да се откажува од Македонија таа неочекувано проговори за опасноста од поделба на Македонија ако не се промени името.

“Добро. Но кога Македонија ќе биде Илирида, паметите го името Северна Македонија, напиша Нацулиду која своето тврдење го поткрепува со видео за Република Илирида што ќе се случи ако не биде прифатен договорот со Атина.

Според Нацулиду многу Македонци не се среќни во држава во која 15 проценти од населението одлучуваат за се и затоа треба да се преименува земјата во Северна Македонија.

2 Коментари

Comments are closed.