Македонска фирма конкурира за обнова на автопат во Украина!

Педесет компании имаат намера да учествуваат на тендерот за поправка на делови од автопат во Укарина, меѓу нив и градежна фирма од Македонија.

Директорката на државното претпријатие Олена Криворучко изјави дека тендерот за реконструкција на делови од автопатот Киев – Чернигов – Нови Јариловичи предизвикал вознемиреност меѓу украинските компании.

„Тоа е голем проект вреден повеќе од 100 милиони евра. Вкупно 50 компании покажаа интерес: 14 компании од Турција, 10 од Кина, четири од Азербејџан, три од Италија, по две од Казахстан и Белорусија, седум од Украина и по една од Литванија, Македонија, Ерменија, Иран, Германија, Полска, Грузија и Индија“, изјави Криворучко.

Не е познаото која македонска компанија е заинтересирана, но за да се добие тендерот компаниите мора да ги потврдат своите квалификации и да понудат разумна цена.

SHARE