Глобалното македонско движење „Ние сме Македонија“ ги повика Македонците низ светот да реагираат на акцијата на канадската организација „СОС детски села“ наречена „Спонзорирај дете во Северна Македонија“, а поводот е користењето на името за државата според договорот Заев-Ципрас, кој сè уште не е во сила.

„Почитувани Македонци ширум светот потребни сме и овојпат за брза акција по повод проектот на @SOS Children Villages Canada наречен ‘Спонзорирај дете во Северна Македонија’.

За да бидат нештата појасни, не ја критикуваме целта на проектот, напротив, ја поздравуваме, НО бараме веднаш да се корегира насловот во ‘Спонзорирај дете во Македонија’.

Линкови за комуникација:

Емаил: info@soschildrensvillages.ca
ФБ: @SOS Children’s Villages Canada
Твитер: @SOSCV_Canada

Ве охрабруваме да се приклучете на повикот за акција со испраќање и-мејл, порака на Фејсбук или на Твитер.

#НиеСмеДецаНаМакедонија
#НиеСмеМакедонија

SHARE