Македонска трагикомедија: На Мацко не му даваат да биде Македонец

Приказната започнува со еден пост на фејсбук.
Фан на премиерот бара Заев да ги “исчисти” сите што дошле на митингот на опозицијата затоа што работеле во јавната администрација.

На постот реагираат неколку луѓе. Некои од нив најискрено си бараат Заев да гo “сотре племето вмровско”.

И тука се случува кулминацијата. Кога Мацко, човек со “погрешно” презиме постира слика од протестите на ВМРО – ДПМНЕ.

Реакцијата е остра и прецизна. Поради презимето Мацко не може да биде Македонец.

Мацко се обидува да објасни дека има право да биде Македонец затоа што е тука роден и дека мајка му е Македонка ама попусто. Одлуката е донесена. Од тие што бараат Заев да зачисти меѓу демонстрантите.

За жал приказнава не е измислена ниту актерите во неа. Ова е македонската реалност во која една или повеќе букви може да ти го одредат животот и како смееш да се чувствуваш. Сега, кога конечно дојде животот за сите.

1 Коментар

Оставете Коментар