Македонски Бугарин го обвини Заев за антибугарски пораки

Новинарот и активист за правата на Бугарите во Македонија Виктор Канзуров препознава силни антибугарски чувства во говорот на премиерот при објавување на договорот со Грција.

“Говорот на Заев, прочитан од негова страна, тешко дека тој самиот го составил, а во напишаното на листот хартија, препознавам силен антибугаризам на дел од пишувачите-советници на премиерот и нивен крајно безобразен обид и низ ова промовирање на, како што велат, постигнат договор со Грција, да ги продадат излитените југомакедонистички фалсификати и фантазнмагории, за македонистички континуитет, од Кирила и Методија, Климента и Наума, Мисиркова, Делчева, Рацина, та сѐ до македонскиот Вук Караџиќ – Блажета Соколовиќ Конески од Љамевци.

„Со решението го јакнеме идентитетот македонски.

Македонски јазик, македонски народ, Македонец, Македонка, заштитени и зајакнати, еднаш засекогаш. Стоиме исправени пред нашите гордости – пред Кирил и Методиј, Климент и Наум, Крсте Петков Мисирков, пред Гоце Делчев, пред Блаже Конески, Кочо Рацин…“, прочита Заев, на 2.11 од видео клипот.

А, ова, во говорот на македонскиот премиер, е специјален поздрав од нациболшевичкиот таканаречен СДСМ, до оние (тврди или гумени, конформистички и/или самобендисани) бугарски глави, кои, упорно, не обрнуваа внимание, игнорираа и со потценување гледаа на она што го пишувам, со години наназад:
„Ќе застанеме рамо-до-рамо со нашите западни партнери.
Младите од Македонија ќе бидат еднакви со своите врсници од ЕУ, нема да има потреба да се вадат пасоши од други држави“, пишува Канзуров.

(на 7.12 од видеото)

SHARE