Македонски директори и началници на шетање во Боцвана

Високи функционери од владини институции деновиве на државна сметка заминале на службено патување во африканската држава Боцвана.

Според ексклузивните информации на svest.mk од „свиркачи” во невладини организации кои вршат мониторинг на трошењето на владата престојот и патот до таму кој чини илјадници евра е платен од буџетот на РМ.

Македонската делегација во градот Габороне во Боцвана учествува на меѓународна конференција што секоја година ја организира светската асоцијација на Централни Регистри.

Во Габороне во моментов се најмалку двајца вработени на Централниот регистер на Република Македонија и уште најмалку четворица други функционери за кои нема информации каде работат и во која функција се заминати.

Боцвана е држава во јужниот дел од африканскиот континент , се граничи со Јужноафриканската република, Намибија, Зимбабве и Замбија.

повеќе информации на Свест.мк

SHARE