Македонски државјанин протеран од Италија поради тероризам

Четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин, протераа италијанските власти.

Четворицата странци, од нив еден Косовец и еден македонски државјанин се протерани од Италија поради опасност по безбедноста на земјата.

Еден од странците е Французин кој го примил радикалниот ислам, додека другиот е државјанин на Тунис, пишуваат албанските медиуми.

Македонскиот државјанин претходно е осудуван од судот во Сиена во регионот Тоскана, поради семејно насилство и бил под надзор на полицијата.

Тој припаѓал на парамилитарна организација активна во конфликтите на Балканот.

Нов скандал во МВР, лажеле дека апсат членови на ИСИС