Македонски феферони повлечени од пазарот во БиХ

Од пазарот во Босна и Херцеговина се повлекуваат феферони од македонскиот производител „ДИМ комерц“ од Валандово, благи и лути, во тегли од по 370 милилитри, без оглед на рокот на траење, пишува весникот „Дневни аваз“.

Причината е тоа што на внатрешната страна од металните капаци на теглите е забележана корозија, со што не ги задоволуваат пропишаните услови за материјали и предмети во контакт со храна.

Според информациите што на Агенцијата за безбедност на храната ѝ ги доставила Кантоналната управа за инспекциски работи на кантонот Сараево, генералниот дистрибутер на овие производи за БиХ ги известил сите купувачи и почнал со повлекување на продуктите од пазарот.

 

SHARE