Македонски ИТ тим меѓу топ 10 на натпревар на Google

Македонскиот тим на компанијата Netcetera се пласираше во топ 10 односно на деветтото место на #Google #HashCode натпревар од вкупно 5,000 тимови!

Тоа е повеќе од одличен пласман на нашиот тим на програмерскиот натпревар во Даблин, Ирска организиран од Google на кој учествуваа тимови од Европа, Блискиот Исток и Африка.

Македонскиот тим во конкуренција на 37,000 учесници во Даблин дошол до успех откако во рок од еден ден успеал да реши ИТ проблем со програмски јазик по нивни избор.

Во тимот се програмерите Александар Ников, Панче Чавковски, Кристијан Јанковски и Војче Кушевски.

SHARE