Македонски „КАМ“ ќе отвори уште 20 маркети во Софија

Македонскиот синџир дисконтни продавници „КАМ“ планира да отвори уште 20 маркети во Софија во наредните три-четири години, најавија од компанијата за бугарското списание „Економик“.

Со тоа „КАМ“ ќе има вкупно 30 продавници во главниот град на Бугарија заедно со десетте отворени од ноември минатата година наваму.

Синџирот маркети засега нема намера да се шири во други градови на источниот сосед, каде што неговите самопослуги ги посетуваат по половина милион купувачи месечно.

„КАМ“ е основан во 1999 година и досега има отворено 71 маркет во 17 градови во Македонија, а покрај десетте во Бугарија има уште десет и во Косово.

 

SHARE

Оставете Коментар