Македонски новинари блокирани во Грција

Шеесетина македонски новинари денеска известуваа од потпишувањето на договорот за името во Нивици.

Дел од нив веднаш по завршувањето на церемонијата и заминувањето на делегациите тргнала кон македонската граница но кај Лерин полицијата не му дозволила на автобусот да помине низ градот поради опасност од инциденти со неонацистички и националистички групи кои денеска протестираат таму.

Од Лерин автобусот бил упатен на безбеден пат кон Кожани по што преку градот Птолемеида околу 15 часот пристигнал на граничниот премин Меџитлија кај Битола.

Поради опасност по нивната безбедност грчката полиција ја блокирала втората група новинари кои од Нивици требало да тргне подоцна од првата група.

Оваа група од десетина новинари која патувала со минибус до 15 часот попладнево не можела да тргне кон Македонија поради опасност и проценка на службите за безбедност дека може да биде цел на грчките демонстранти.

Сите пристапи кон Нивици уште од вчера наутро беа блокирани од силни полициски сили кои спречиле неколку поединци и помали групи членови на Златна Зора да влезат во селото.

SHARE