Две лица, македонски државјани, се потешкко повредени во судир на македонски патнички автобус и камион што с случи утринава во Австрија во близина на градот Линц.

Патниците не се во животна опасност соопштија од МНР, а шест лица се полесно повредени, пренесува МИА.

„Колегите од Амбасадата на Република Македонија во Виена телефонски се слушнаа со полицијата во Виена, кои им потврдиле дека во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои 2 се потешко повредени, но не се во животна опасност, а 6-мина се полесно повредени. Целосен извештај ќе дадат откако ќе биде завршен увидот“, изјавија за МИА од МНР.

Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.

Оставете Коментар