Наспроти грчката и бугарската пропаганда кои тврдат дека македонскиот народ се осознал дури по Втората светска војна, на социјалните мрежи се појавуваат се повеќе докази кои го тврдат спротивното.

Меѓу нив, доказ се поштенски марки издадени 1928 година во САД со ликови на македонски револуционери и со карта на цела Македонија.

На поштенските марки се ликовите на Гоце Делчев, Пере Тошев и Тодор Александров, објави порталот „Таратур“.

Освен со нивните ликови, има и поштенска марка со територијата на цела Македонија, карта која прв ја објавил Димитрија Чуповски за време на Балканските војни, барајќи македонското прашање да се реши со независност или зачувување на Македонија во идна Балканска федерација.

SHARE

Comments are closed.