Македонски спортисти претепани во Неи Пори, рекле дека се од Македонија

Loading...

Македонски тинејџери на 17-18-годишна возраст, кои учествувале на летниот подготвителен ракометен камп на поранешната ракометарка Андријана Будимир во Неи Пори, Грција, физички се пресметале со грчките врсници поради името, дознава „Макфакс“ од извори блиски до настраданите млади ракометари.

До тепачката помеѓу двете тинејџерски групи дошло кога жена, Гркинка, ги слушнала младите ракометари како зборуваат на македонски во локалната играчница по што им пришла и ги прашала од каде се. Кога тинејџерите ѝ одговориле дека се од Македонија, таа почнала да се расправа со нив за името, а набргу потоа повикала група грчки тинејџери по што започнала жестока тепачка помеѓу двете групи, која завршила со потешки повреди.

Повеќе на макфакс.мк

1 Коментар

Comments are closed.