Македонски уставни судии кај Румен Радев

Партнерството меѓу уставните судови на Бугарија и на Република Македонија е важен чекор за развојот на билатералните односи во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави, изјавил денес во Софија бугарскиот претседател Румен Радев кој е домаќин на делегација на Уставниот суд на Република Македонија, предводена од претседателот Никола Ивановски.

Потпишувањето на Договорот за добрососедство Бугарија и Република Македонија е пример на сите земји од регионот за тоа како проблемите можат да се надминат со дијалогот и разбирање, пренесе БГНЕС.

„Важно е да се покаже дека овој договор функционира“’ вели Радев кој ги повика мултидисциплинарните комисии на двете држави, кои се занимаваат со решавањето на отворените прашања меѓу Бугарија и Република Македонија, да побараат потребна поддршка во работата.

Претседателот на македонскиот Уставен суд, Ивановски се заблагодарил на Бугарија за сеопфатната поддршка како претседавач на Советот на ЕУ во евро-атлантската перспектива на Македонија.

SHARE

Comments are closed.