Македонски знамиња во Рокдејл во чест на Денот на независноста

Знамето на Република Македонија веќе неколку дена е истакнато во центарот на општината Рокдејл во Австралија, во чест на Денот на независноста 8 септември.

Рокдејл е предградие на Сиднеј, со околу 14.000 жители, од кои според пописот во 2011 година една третина се родени во Австралија, а од останатите 4,1 проценти ја навеле Македонија како земја на потекло.

Македонците се трета по големина доселеничка заедница во оваа општина во Нов Јужен Велс по Кинезите (10,6 отсто) и Непалците (7,6 отсто), а македонски јазик зборуваат 6,7 проценти од жителите на Рокдејл.

 

SHARE