Македонскиот борач Нуров медитерански шампион

Loading...

Борачот Магомедгаџи Нуров ѝ го донесе вториот златен медал на Македонија на 18. Медитерански игри во шпанскиот град Тарагона по тој на каратистот Берат Јакупи.

Натурализираниот Македонец во финалето во категоријата до 97 килограми го декласира Италијанецот Симоне Јанатони со 11:0.

Дејан Митров, пак, освои бронза во категоријата до 74 кг. со победата од 3:1 над Алжирецот Мохамед Будра.

Со вкупно пет медали, од кои два златни и три бронзени, Македонија е на 12. место меѓу 19 земји чии спортисти се искачија на победнички подиум во првите четири дена од Игрите.