„Македонскиот“ диригент Ле Фи Фи на концерт во родниот Виетнам на 9 август

Диригентот Ле Фи Фи ќе се врати од Македонија во родниот Виетнам за да диригира на концерт во кој ќе бидат исполнети дела од композиторот Јохан Себастијан Бах во Операта во Хо Ши Мин Сити на 9 август.

На концертот ќе настапат и виолинистката Лидија Добревска и обоистката Гордана Јосифова Неделковска.

Роден во Ханој, Фи дипломираше на московскиот конзерваториум „Чајковски“, по што стана постојан диригент на Македонска филхармонија од 1993 до 2000 година. Има настапувано со Македонски национален симфониски оркестар, со Македонски балет, со Симфониски оркестар на градот Ниш во Србија, со Виетнамска национална опера и балет и со Симфониски оркестар на Хошимински балет.

Во моментов предава во Македонска опера и балет.

И во јануари годинава диригираше на концерт во Виетнам, на кој беа изведени дела од Чајковски и од Шостакович.