Македонскиот лекар на Хималаите загинал поради кражба на кислород!?

Кражба на боци со кислород може да биде причината за смртта на македонскиот алпинист кој минатата недела го загуби животот во обид да го освои покривот на светот, Монт Еверест.

Водачот на Меѓународната Еверест експедиција 2018 во која беше и гевгелискиот алпинист д-р Георги Петков, англичанецот Тим Моусдејл на социјалните мрежи преку кои известуваше за текот на мисијата објави дека им се украдени боците со кислород.

Тоа го констатирале на 18 мај во вечерните часови. Екипата била видно вознемирена од недостатокот на опремата – боците со кислород, бидејќи тие се неопходни на висини над 4-5.000 метри, поради разредениот воздух и слабата концентрација на кислород.

Наместо редовната почивка во 19 часот, кога членовите на експедицијата одат на спиење, зошто искачувањата им почнуваат со првите зраци на зората во 3:30 часот, таа ноќ останале без сон дури до 8:56 вечерта кога е објавен постот, пишува гевгелија.нет.

„Боци со кислород им недостасуваат на неколку тимови, како и на нашиот тим. Тоа не само што го загрозува текот на експедицијата, туку и животот на планинарите. Какво гадно однесување“ напишал водачот на групата меѓународни алпинисти Тим Моусдејл.

Целата сторија на гевгелија.нет на следниот линк