Македонскиот таеквондист Георгиевски вицешампион на Медитеранот

Таеквондистот Дејан Георгиевски ѝ донесе нов медал на Македонија, прв со сребрен сјај, на 18. Медитерански игри што се одржуваат во шпанскиот град Тарагона.

Тој во финалето во категоријата над 80 килограми загуби со 24:9 од домашниот натпреварувач Даниел Рос Гомез.

На патот до подиумот Георгиевски ги совлада Матео Милани од Италија со 24:13, Иван Конрад Трајковиќ од Словенија со 30:28 и во полуфиналето Јоан Александре Миангве од Франција со 19:18.

Со вкупно шест медали, од кои два златни, еден сребрен и три бронзени, Македонија е на 16. место меѓу 23 земји чиишто спортисти се закитија со одличје досега на Игрите.

 

SHARE