Македонски експерт за односи со јавноста го освои Њујорк

Македонскиот експерт за односи со јавноста Коста Давид Петров е организатор на голем глобален настан во Њујорк, на кој е собрана светската елита во овој бизнис.

„Среќа е кога компанија од Македонија го организира најиновативниот настан за пи-ар во Њујорк. Среќа е кога имаш тим со кој секој предизвик е само скалило до врвот. Среќа е да го менуваш бизнис светот од Македонија. Ништо во животот не е невозможно. Верувај во себе. Работи напорно секој ден. Научи се како да ја исчистиш калта од тебе и најважно, научи да си кажеш БРАВО! Епа браво! 🇺🇸❤🇲🇰“, пишува Петров опишувајќи го настанот кој македонската компанија ‘P – World’ го организира во ‘Големото јаболко’.

Околу 200 експерти за ПР од триесетина земји учествуваат на ‘Global PR Summit New York 2018’, кој е поддржан од сите меѓународни ПР асоцијации (IPRA, PRSA, PCNY, PRCA, ICCO and IABC).