Македонските Египќани бараат власта да не врши притисок врз нив за утрешните протести

НВО коалицијата на Египќаните и нивниот најистакнат претставник Демир Далип ги поддржуваат македонските евроинтеграции но нема да дозволат да се врши притисок врз Египќаните како најранлива етничка заедница во Македонија.

Реакцијата доаѓа откако денеска во неколку охридски јавни претпријатија дошло до вербален притисок врз вработени Египќани и други.

Египќаните во Р.Македонија, како ранлива етничка заедница која го носи епитетот на најдискриминирана и најнеинтегрирана етничка заедница, ,,благодарение,, на нивното неспомнување во Уставната Преамбула, силно ги подржуваат Евроатланските интеграции на нашата заедничка, мултиетничка и унитарна држава Р.Македонија, што беше потврдено и на средбата со Евроамбасадорот во Р.Македонија, неговата екселенција г дин Самоел Жбогар, пишува во реакцијата испратена до expres.mk.

“Поучени од минатото, а во духот на европските вредности и почитување на човековите права и слободи, каде Египќаните мимо нивната волја беа присилени да одат на митинзи, протести и слично, АПЕЛИРАМЕ до секој граганин Египканец да приусуствува на забавите кои се организирани утре согласно нивната волја, но доколку има серија на притисоци истите да бидат присутни на настани мимо нивната волја, против одговорните лица ќе превземеме дејанија согласно Кривиучниот законик на Р.Македонија” велат македонските Египќани според кои секој граганин на ова држава има право на своја определба, право на различно мислење и силно ке се бранат тие принципи, а се со цел да не се деградира личноста на лојалниот Египќанец во Р.Македонија.

Демир Далип, најави дека во Охрид, ке биде потпишан Меморандум за Соработка со ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

Оставете Коментар