Македонските фудбалери дебитираа со победа во Лига на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија славеше со 2:0 во Гибралтар на стартот од новото натпреварување на УЕФА, Лига на нации.

Стрелци на головите беа Иван Тричковски со волеј по нафрлената топка од Стефан Ристовски во 19 минута и Езгјан Алиоски во 35. минута по додавање од Тричковски.

Во второто коло од четвртата група на сегментот Д в недела од 18 часот во Скопје избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе ја пречекаат Ерменија, која на свој терен беше подобра од Лихтенштајн со 2:1.

Резултати од првото коло:

Лига А: Германија – Франција 0:0.

Лига Б: Чешка – Украина 1:2, Велс – Ирска 4:1.

Лига Ц: Норвешка – Кипар 2:0, Словенија – Бугарија 1:2.

Лига Д: Казахстан – Грузија 0:2, Ерменија – Лихтенштајн 2:1, Гибралтар – Македонија 0:2, Летонија – Андора 0:0.

 

SHARE