Македонските граѓани меѓу највооружените во светот

Loading...

Македонија се најде на високото 12. место меѓу 230 држави и територии во светот според истражувањето на организацијата „Анкета за лесно вооружување“ со седиште во Женева.

Стапката на поседување огнено оружје од цивили во Македонија е околу 30 проценти, односно проценката е дека во 2017 година во земјата со 2,083 милиони жители има 621.000 парчиња лесно вооружување кај граѓаните вкупно легално и нелегално.

Црна Гора и Србија го делат третото место со 39,1 пушки или пиштоли на 100 жители, зад лидерот САД со 120,5 (393,3 милиони парчиња) и второпласираниот Јемен со 52,8 (14,9 милиони). На 626.000 Црногорци има 245.000 парчиња оружје, а на 6,946 милиони Срби 2,719 милиони.

Босна и Херцеговина е десетта со просек од 31,2 парчиња лесно оружје на 100 жители или вкупно 1,185 милиони на 3,793 милиони граѓани, а Косово е на 17. место со 23,8 или вкупно 436.000 на популација од 1,831 милиони.

Доста наоружани се и другите балкански земји, како Бугарија со 590.000 парчиња лесно вооружување на 7,045 милиони жители, потоа Хрватска со 576.000 на 4,210 милиони жители, Албанија со 350.000 на 2,911 милиони жители и Романија со 506.000 на 19,238 милиони жители.

Топ 10 држави со најголемо количество лесно оружје во рацете на цивили: САД 393,3 милиони, Индија 71,1 милиони, Кина 49,7 милиони, Пакистан 43,9 милиони, Русија 17,6 милиони, Бразил 17,5 милиони, Мексико 16,8 милиони, Германија 15,8 милиони, Јемен 14,9 милиони и Турција 13,2 милиони.

Топ 10 држави според процентот на поседување оружје од граѓаните: САД 120,5 отсто, Јемен 52,8 отсто, Црна Гора и Србија по 39,1 отсто, Канада и Уругвај по 34,7 отсто, Кипар 34 отсто, Финска 32,4, Либан 31,9 и Исланд 31,7.