Македонските ракометари се посрамотија во Кожани

Срамен пораз на машката ракометна репрезентација на Македонија од 28:26 против аутсајдерот Грција во Кожани во второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Критиките за играта во стартната победа над Турција во Битола како да не допреа до неговите соиграчи, па освен фуриозниот почеток, кога водеа со 5:1, а на полувреме со 13:12, во вториот дел целосно се загубија.

Наместо разликата во квалитет да ја ефектуираат и на теренот, избраниците на селекторот Раул Гонзалес влегуваа од грешка во грешка и му овозможија неочекувана радост на тимот што пред само четири дена беше демолиран во Исланд сo 35:21.

Исланѓаните и денеска беа уверливи на гостувањето во Турција, каде што славеа со 33:22 и со тоа се издвоија на врвот во четвртата квалификациска група.

 

SHARE

Оставете Коментар