Македонско-грчка филмска копродукција ја освојува Азија

Филмот „Исцелител“, македонско-грчка копродукција и дебитантско остварување на режисерот Ѓорче Ставрески, ќе ја освојува публиката на азискиот континент, за што ќе се погрижи „Синема ворлд Ејжа“.

Компанијата со седиште во Сингапур ги откупи правата за следните две години, а покрива 24 земји од Азија.

„Исцелител“ ја раскажува приказната за механичар на возови, кој по употребата на украдена марихуана за да направи колач со кој ќе му ја намали болката на својот татко болен од рак, сардисан е од криминалците што си ја бараат дрогата назад и од љубопитните соседи што го бараат од него рецептот за колачот од кој се „оздравува“.

Од својата премиера во ноември минатата година филмот учествуваше на 16 фестивали о освои седум награди, вклучувајќи ги и наградата од публиката во Солун 2017, како и специјалната награда за сценарио од Медитерански филмски фестивал во Брисел.

 

SHARE