„Ова е училиштето во Њабелико, во западна Уганда. Благодарение на Бога, и дарежливоста на поединци и македонските цркви, обезбедуваме основно образование за околу триста дечиња во џунглата.

Целиот овој напор од самите луѓе тука е именуван “Македонско-Афричка Божествена Организација”, и згора на се, гордо го веат македонското знаме!

Само кога ќе ми текне дека тука во џунглата се вее македонското знаме, а во Македонија има цели општини каде што не може да се види македонско знаме, не знам што да речам…“ вели Филип Иванов, од Велес,  кој на неговиот профил на Фејсбук објави фотографии од неговата мисија во Уганда.

 

 

Оставете Коментар