Македонското знаме со Сонцето од Кутлеш се вее во Аризона

Џејсон Мико, почесен конзул на Македонија во Туксон, Аризона, до смената од Владата на Заев во февруари годинава, на својот профил на „Твитер“ објави фотографија со претходното македонско државно знаме со Сонцето од Кутлеш истакнато во дворот од неговиот дом.

„#Македонија секогаш. Врвот на Пуш Пик е во заднината зад знамето; ова е погледот од мојот двор и патеката е околу 15 минути пешачење од мојот дом“, твитна Мико.