Макрадули шири во БиХ позитивни очекувања од референдумот

Македонскиот заменик-министер за заштита на животната средина и за просторно планирање, Јани Макрадули, има позитивни очекувања од претстојниот референдум за договорот Заев-Ципрас за преименување на државата во Северна Македонија.

На денешната средба во Сараево со пратеникот и член на Клубот на СДП во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Саша Магазиновиќ, Макрадули истакнал и дека тоа ќе претставувало остварување на долгогодишниот сон на граѓаните на Македонија во поглед на членството во Европска унија и во НАТО.

Двајцата соговороници се согласиле и дека евентуалниот договор за границата меѓу Србија и Косово на никаков начин не може и не смее да се доведува во врска со ниту една друга држава во регионот, посебно не со Македонија и со БиХ.

 

SHARE

Comments are closed.