Макрон: Да не брзаме со проширувањето на ЕУ!

Франција го поддржува патот на балканските земји кон Европската унија, но под услов сите да ги спроведат неопходните реформи, изјави претседателот Емануел Макрон по пристигнувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија.

„Го поддржувам балканскиот пат кон Европа и неговото пристапување како идни членки на ЕУ. Но, мислам дека треба да бидеме многу претпазливи и цврсти со процесот на проширување.

Ние мора да им помогнеме на земјите што се реформираат и се движат кон Европа. Ова е наш стратешки избор“, рече Макрон и додаде:

„Но, пред да се завршат неопходните реформи, не треба да се брзаме со проширувањето. Ова нема да биде од полза за Европската унија или за земјите кандидати“”, рече Макрон, пренесуваат бугарски медиуми.

Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора и Турција се кандидати за членство во ЕУ, но ниту една од овие земји немаат јасен тајминг кога ќе можат да влезат во Унијата.