Макрон до Трамп: Никој не е вечен, а Г7 може да стане Г6

Групата на седум најразвиени земји (Г7) е длабоко поделена поради „царинските“ напади на Доналд Трамп врз Европската унија и Канада.

Американскиот претседател воведе големи арифи за увоз на челик и алуминиум во САД во обид да ја обнови американската индустрија, а најпогодени се клучните сојузници на Г7, како што се Канада, Јапонија и ЕУ.

Fранцускиот претседател Емануел Макрон, кој се обиде да воспостави топол личен однос со Трамп, изјави денеска пред Самитот на Г7 во Канада, дека другите нации во Г7 треба да останат смирени и продуктивни, но предупреди дека „ниеден лидер не е вечен“.

Тој за новинарите изјави дека Европа нема да се предаде мирно на американскиот претседател и посочи дека Г7 може да функционира и како група од шест нации, наместо сегашните седум.

„Можеби американскиот претседател не води грижа дали ќе биде изолиран денес, но нам не ни пречи да бидеме и шест, доколку е потребно”, рече Макрон.

Групата Г7 ја сочинуваат Канада, Франција, Германија, Италија, Обединетото кралство и САД.

 

1 Коментар

Оставете Коментар