Макрон „ги тера“ САД од Г7 – Трамп ја кани Русија да се врати во групата

Loading...

Доналд Трамп смета дека Русија треба да се врати на преговарачката маса на состанокот на Г7, без разлика дали тоа „им се допаѓа или не“ на седумте најразвиени земји во светот.

Американскиот претседател ја даде изјавата додека се подготвува да замине за Канада на самитот.

„Зошто имаме средба додека Русија не е на состанокот“ изјави американскиот претседател пред да замине во Квебек, Канада каде ќе се одржи Самитот на Г7.

Ист став како оној на Трамп има и новиот италијански премиер Џузепе Конте.

Русија во 2014 година беше „протерана“ од групата која тогаш се викаше Г8, поради руското припојување на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска остро го нападна  Трамп, изјавувајќи дека дека САД би можеле да бидат исфрлени од Г7.